Распишан тендер за изградба на нов резервоар за вода во Пепелиште PDF Печати

   Министерството за траснпорт и врски при Владата на РМ врз основа на поднесената апликација и потребната техничката документација од страна на општина Неготино го распиша тендерот за изградба на нов резервоар за вода во селото Пепелиште со зафатнина од 210 м3 и изградба на потисен цевковод во должина од 1.216 метри. Резервоарот ќе се гради со средства од Европската инвестициона банка во висина од 4.500.000 денари со цел за обезбедување доволни количини вода за населението од Пепелиште, посебно за месното население кое живее во повисоките зони кое во изминатиот период и имаше најмногу проблеми во делот на водоснабдувањето. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека со завршувањето на овој проект ќе дојде до долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето на жителите од ова неготинско село, а населението ќе има 24 часовно континуирано водоснабдување.