Општина Неготино во Тремник ќе гради „Биолошка прочистителна станица“ PDF Print
There are no translations available.

   По завршувањето на комплетниот проект за изградба на фекална мрежа од 3 крака со кои се покри целата територија на селото Тремник, а сега е во фаза приклучувањето на месното население на истата, општина Неготино подготвува проект за изградба на „Биолошка прочистителна станица“ во ова неготинско село. Имено, во рамките на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ кој се реализира во соработка и со поддршка од Министерството за транспорт и врски, а е финансиран со средства преку Европската инвестициона банка, општина Неготино започна со подготовка  за реализација на нов проект- изградба на Биолошка прочистителна станица во Тремник од контејнерски тип. Станицата ќе биде лоцирана во селото со влезен капацитет од 240 м3, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 6.143.028 денари.