И во општина Неготино одбележан 15-ти октомври –Денот на белиот стап PDF Print
There are no translations available.

   „Како градоначалник и како локална самоуправа имавме, имаме и се надевам дека и во иднина ќе продолжи успешната и плодна соработка со Здружението на слепи лица од нашата општина-една од најактивните граѓански организации чие членство и покрај потешкотиите со видот се обидува и успева да организира и учествува на бројни манифестации, независно дали тие се организираат во нашиот град или во други градови во земјава “- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој присуствуваше и ги поздрави учесниците на денешната пригодна свеченост во нашиот град со која беше одбележан 15-ти октомври-Денот на белиот стап. Градоначалникот Апостолов додаде дека одредени проблеми кои се јавуваат, во координација со раководството на неготинското Здружение на слепи ги решаваат во „од“, а општината во рамките на своите можности секогаш давала и ќе дава сопствен придонес во организирањето на разни настани и манифестации од страна на Здружението на слепи лица од општина Неготино.