Извршен увид на градежните работи на патот Г.Дисан-Вешје PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов придружуван од стручни соработници од локалната самоуправа изврши увид на градежните работи кои во моментов се одвиваат на патниот правец од Горни Дисан до Вешје. Станува збор за реализација на првата фаза од овој пат кој целосно ќе се изгради и асвалтира, а во овој период се одвиваат работите на делницата долга 800 метри која се гради со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделието на РМ. Во наредниот период со средства од Светска банка преку ИПА програмата за рурален развој и со средства од проект за прекугранична соработка ќе се пристапи кон изградба на делнициите во должина од 634 и 400 метри, додека со средства од буџетот на општина Неготино ќе се градат 150 метри од патот од Г.Дисан до Вешје.