Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностВо општина Неготино се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ |
Ученици од двете основни и средното училиште, претставници на комуналното претпријатие, на јавната администрација, здруженија, екологисти и други заинтересирани граѓани се вклучија во акцијата „Македонија без отпад“ која се реализираше на подрачјето на општина Неготино во соработка и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата се спроведе со цел за намалување на количините на несоодветно депониран отпад во одредени подрачја, а во Неготино се расчистуваше подрачјето долж двете главни улици, градскиот пазар и плоштадот, општинската зграда, дворовите на училиштата, просторот околу СРЦ Младост, а екипи на ЈП Комуналец со механизација посебен акцент ставија на расчистување на дивата депонија на просторот кај фудбалското игралиште на влезот во Неготино.
|