Апостолов: Очекувам квалитетни предлози за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

   „Во општина Неготино живеат и егзистираат поединци и установи кои на еден или друг начин имаат дадено или даваат сопствен придонес во нејзиниот развој и афирмација, па токму затоа очекувам во пресрет на општинскиот празник, а по објавениот јавен повик од страна на локалната самоуправа, на адреса на општината да пристигнат квалитетни и издржани предлози за потенцијални добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември, како и за признанието почесен граѓанин“-изјави градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Тој додаде дека сите заинтересирани правни и физички лица своите предлози во писмена форма и соодветно образложение можат да ги доставуваат во архивата на општина Неготино заклучно со 21 октомври до 16 часот, достасаните предлози ќе ги разгледува општинската комисија за награди и признанија, а одлуката за добитниците ја носат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите на добитниците ќе има бидат врачени на свечената седница по повод општинскиот празник 8-ми Ноември.