Делегација на РСБСП во работна посета на општина Неготино PDF Печати

   Претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предводени од секретарот на оваа организација Ристо Манчев во рамките на своите надлежности утврдени со Закон, целите од Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот и Програмата за работа за 2015 година денеска извршија посета на локалната самопуправа и остварија работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Контактите што беа остварени, пред се беа насочени кон согледување на актуелните состојби во безбедноста на сообраќајот на територијата на општина Неготино и тоа според спецификите на ова подрачје и договарање на стратешки мерки, цели и активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот во неготинска општина. Работната група на Републичкиот совет од страна на градоначалникот Апостолов беше информирана за активностите што се реализираат на локално ниво во рамките на кампањата што се спроведуваза подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а состанокот беше искористен за давање конкретни насоки за дејствување на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од општина Неготино.