На почетокот на октомври започнуваат градежните работи на патот Г.Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

   По обезбедувањето на потребните финансиски средства, а согласно ветените проекти во програмата за работа на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, на почетокот на наредниот месец-октомври ќе започнат градежните работи за комплетна реконструкција и асвалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје, проект кој ќе се реализира во три фази. Во првата фаза ( неофицијално, работите се очекува да започнат на 1-ви октомври во четврток) ќе се работи на реконструкција на 800 метри од овој патен правец за што се обезбедени средства во висина од 20.000.000 денари преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Градоначалникот Апостолов информира дека се обезбедени и потребните средства и за останатите две фази за рекоснтрукција и асвалтирање на патот од Г.Дисан до Вешје и тоа преку проектот за меѓугранична соработка со Алмопија и проектот на ИПА преку Светска банка за поддршка на руралниот развој.