Градоначалникот Апостолов со честитка по повод празникот Курбан бајрам PDF Печати

   До сите верници од муслиманска веродисповед од општина Неготино и Република Македонија честитки по повод големиот празник Курбан бајрам – ден кога верниците посветуваат соодветно внимание кон најблиските и сиромашните, испрати градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со желби за среќни и благословени празнични денови. Курбан бајрам секогаш е повод муслиманите да извршуваат добри дела, при што традиционално и во неготинска општина се оди на посета кај најблиските роднини и пријатели при што се даваат дарови и се донира за оние кои што немаат-додава Апостолов. Градоначалникот на сите верници им посакува празникот да го поминат во пријатно и весело расположение во кругот на најблиските со искрени желби за се најдобро во иднина.