Соопштение PDF Печати

   Во согласност со годишната Програма за работа на локалната самоуправа Неготино за спроведување на општи мерки за заштита на на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација за тековнава 2015 година, се информираат граѓаните на неготинска општина дека во четврток на 24-ти септември на нашето подрачје ќе се спроведе третата по ред адултна авионска дезинсекција. Активноста и овој пат се спроведува во соработка со ресорното Министерство за здравство на Република Македонија и Центарот за јавно здравје од Велес со напомена дека авионското третирање во среда ќе се реализира во раните утрински часови и тоа во времето од 05 до 08 часот. За таа цел, а поради престојното запрашување против комарци, се информираат граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.