Започна меморијалниот турнир во борење „Јован Димитров“ PDF Печати

   Во организација боречкиот клуб Неготино и со финансиска поддршка од општина Неготино во нашиот град започна одржувањето на меморијалниот турнир во борење во слободен стил во чест и сеќавање на Јован Димтров-член на клубот од Неготино кој трагично го загуби животот пред 24 години. Делегации на организаторот, боречките клубови, локалната самоуправа и членови на семејството на Димитров организирано положија свежо цвеќе на неговата спомен биста со порака дека Јован нема никогаш да биде заборавен и тоа како од неговите колеги-борачи, така и од граѓаните на општина Неготино. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им се заблагодари на сите учесници кои учествуваат на турнирот, им посака прикажување на квалитетни  борби и да победат најдобрите. Инаку, на четвртиот по ред традиционален  турнир во борење учество зедоа 8 боречки клубови од Македонија, а борбите се одвиваат во категории за борачи до 12, 15 и 17 годишна возраст.