Во рамки на „Европската недела на мобилност“ во Неготино „Ден без автомобили“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје во нашиот град  се спроведе активноста „Ден без автомобили“. Настанот  се одржи во периодот од 11,00 до 14,00 часот, а активностите се одвиваа на улицата Партизанска со тоа што просторот пред единаесеткатница до раскрсницата со улицата Цандо Кожинков беше затворена за сообраќај и резервирана за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт. Целна група на проектот се граѓаните на нашата општина, Советот на млади, Полициска станица Неготино, јавната администрација, медиумите, здруженија на граѓани и други. Активностите  започнаа од 11,00 часот со разгледување на поставената ликовна изложба изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства дадоа и нашите најмлади сограѓани-дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“. Од 12,00 до 14,00 часот според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани  пристапија кон возење на велосипеди и други алтернативни средства за превоз со можност за избирање начин за вршење на секојдневен транспорт и со тоа дадоа сопствен придонес во зачувувањето на жизотната средина која не опкружува и подобрувањето на здравјето на граѓаните.