Во Неготино во петок ќе се одбележи „Европската недела на мобилност“ PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје во нашиот град ќе се спроведе активноста „Ден без автомобили“. Настанот ќе се одржи во петок на 18-ти септември во времето од 11,00 до 14,00 часот и ќе се одвива на улицата Партизанска со тоа што просторот пред единаесеткатница до раскрсницата со улицата Цандо Кожинков ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде резервирана за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт. Целна група на проектот се граѓаните на нашата општина, Советот на млади, Полициска станица Неготино, јавната администрација, медиумите, здруженија на граѓани и други. Организаторите информираат дека активностите ќе започна од 11,00 часот со разгледување на поставената ликовна изложба изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства ќе дадад и нашите најмлади сограѓани-дечињата од детскаа градинка „Фемо Кулаков“. Од 12,00 до 14,00 часот според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани ќе пристапат кон возење на велосипеди и други алтернативни средства за превоз со можност за избирање начин за вршење на секојдневен транспорт.