Државните прваци во шах Недева и Лазов на прием кај градоначалникот Апостолов PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот работен кабинет ги прими и се задржа во разговор со нашите сограѓани-државни прваци во шах во своите категории -Мирјана Недева и Тони Лазов кои беа придружувани од нивниот ментор, велемајсторот на оваа древна игра Трајко Недев. Младите неготински шахисти го информираа градоначалникот Апостолов за освоените први места на последното Државно првенство во шах што се одржа во Струга на кое Мирјана Недева за прв пат стана првак на Македонија за шахистки на возраст до 8 години, додека Лазов во категоријата на шахисти до 16 години по 8-ми пат се закити со шампионската титула. Градоначалникот Апостолов во оваа прилика истакна дека локалната самоуправа во рамките на финансиските можности ги помагала и ќе ги помага спртските клубови и спортистите кои се натпреваруваат и достојно ја репрезентираат општината, а токму Недева и Лазов се олицотворение на успешни спортисти кои со освојувањето на првите места на Државното првенство, покрај сопствената, придонесуваат и за афирмација на општина Неготино. Велемајсторот Недев го искажа задоволство од остварените резултати на двајцата шахисти и додаде дека отворањето на шаховски школи во училиштата во Неготино веќе ги дава очекуваните резултати, така што и во иднина можеме да очекуваме пријатни вести од настапите на нашите шахисти.