Привршува втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2015” PDF Print
There are no translations available.

   Осмото издание на оваа реномирана културна манифестација во Општина Неготино во втората, августовска фаза досега донесе два одлични културни настани кои наидоа на одличен прием кај неготинската публика. Третиот и последен настан од оваа фаза на манифестацијата, претставува уште една одлична можност за љубителите на уметноста и воопшто културата да бидат дел од комплетен уметнички перформанс во кој ќе бидат содржани неколку различни области од културата – сликарство, театар, музика и поезија. Перформансот насловен како  “ART HAPPENING” ќе биде реализиран во соработка со Галеријата “Арт-М” од Неготино на градскиот плоштад во Неготино во сабота, 5 септември со почеток од 20.30 часот. И овој, како и претходинте настани од оваа манифестација е финансиран од буџетот на општина Неготино и Министерството за култура на Република Македонија. Со реализацијата на ова културно случување, во општина Неготино ќе биде затворено овогодинешното осмо издание на манифестацијата “Tопол културен бран”.