Заврши турнирот во улична кошарка „Street Ball 2015“ PDF Печати

Синоќа на градскиот плоштад во Неготино заврши осмото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball”. За учество на турнирот кој се одржа од 1 до 3 септември, беа пријавени петнаесетина екипи од Неготино и регионот. Истите разигрува во три конкуренци и тоа сениори (над 18 години), јуниори (од 14 до 18 години) и конкуренција за играчи под 14 години.
Во сениорска конкуренција беа пријавени екипи од Неготино, Кавадаци и Росоман, а во мошне силната конкуреција и по неколкуте одлични и квалететни натпревари победник на овогодинешното издание на турнирот стана екипата на Пицерија “ЕМА” од Неготино, која во извонредно возбудливото финале ја совлада екипата на “Гема Пласт” од Росоман, која мораше да се задоволи со второто место на турнирот, додека третото место и припадна на екипата на “Жито Југ” од Кавадарци која во малото финале ја совлада екипата на “Дуењас” од Неготино.
Во јуниорска конкуренција победник на турнирот е екипата на “Балкански”, која во финалето ја совлада екипата на “Цевки”, а третото место го освои екипата на “Винари”.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 20.000 денари, а главен покровител на турнирот беше градоначалникот Ванчо Апостолов. Организатор на истот беше Општина Неготино, а оваа спортска манифестација беше помогната и од локалниот бизнис сектор.