Проектот ваучер од 7.000 денари за секое новороденче ги дава очекуваните резултати PDF Печати

   Утре се навршуваат 2 години од започнувањето на реализацијата на проектот за доделување на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое семејство од општина Неготино кое има новородено дете. Очекуваните резултати се остваруваат, а статистиката говори дека од стартот на овој проект, за 2 години наталитетот во нашата општина е зголемен за 8 отсто. Па така, ако во 2013 година месечно во просек се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 бројката пораснала на 15 деца, додека во првите 8 месеци од тековнава 2015  година во општина Неготино месечно се раѓале по 18 деца. Или уште поконкретно, од почетокот на проектот за доделување ваучери од 30.08.2013 до 30.08.2014 година родени се 176 деца, а веќе наредната година во истиот едногодишен период оваа бројка е зголемена и во периодот 30.08.2014 до 30.08.2015 година родени се вкупно 209 деца. Во текот на утрешниот ден на пригодната свеченост која со почеток од 11 часот ќе се одржи во големата сала на општина Неготино градоначалникот Ванчо Апостолов ќе додели 170 ваучери на семејствата кои имаат новороденчиња.