Tурнир во улична кошарка „Street Ball 2015“ PDF Печати

   Општина Неготино како дел од Програмата за спорт, оваа година по осми пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Ball 2015“. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 1, 2 и 3 септември (вторник, среда и четврток), започнува на 1 септември (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов.
Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 075/553-800, најоцна до 1 септември до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди парични награди и вкупен награден фонд од 20.000 денари.