Во среда (02 септември) од 11 ч. ќе се доделуваат ваучери за новородени деца PDF Печати

   Презентираните резултати за периодот од изминатите 2 години од страна на стручните служби при локалната самоуправа, во потполност ги оправдаа моите очекувања и претставуваат сатисфакција за мојот предлог со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина на секое семејство кое има новороденче да му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари. Во среда на 02 септември славиме јубилеј – 2 години од почетокот на доделувањето на ваучерите и по тој повод во големата сала на општина Неготино со почеток од 11 часот ќе бидат доделени ваучерите за новороденчињата на сите родители кои во изминатиот период ја имаат доставено потребната документација. Дека оваа мерка ги дава посакуваните резултати говорат и следните бројки: - во приодот од 30-ти август 2013 до 30-ти август 2014 година за една година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30-ти звгуст 2014 до 30-ти август 2015 година родени се 190 деца, што претставува пораст на наталитетот во нашата општина за 8 отсто. Или поконкретно, во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од тековнава година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно. Јас како градоначалник и општина Неготино продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува.