Театарската комедија „Љубовник со висок стил“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ PDF Печати

   Манифестацијата “Топол културн бран 2015” со изложбата на фотографии “Традиционалната рурална архитектура во потпелистерието”, која се одржа во Музејот на град Неготино, влезе во втората фаза од својата реализација, а продолжува со театарската комедија “Љубовник со висок стил”. Оваа урнебесна комедија е на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската екипа составена од вкупно 12 актери, на 26 август (среда) со почеток во 20.30 часот на сцената во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведе оваа претстава пред неготинската публика. Инаку, ова остварување на демиркапискиот театер имаше десетина изведби во повеќе градови во државата, а беше дел и од овогодинешното издание на манифестацијата “Топол културен бран 2015” во Општина Крива Паланка.
Реализацијата на “Топол културен бран 2015” во општина Неготино ќе продолжи на 29 август 2015 година, со “Ликовниот хепенинг” кој ќе се случува на градскиот плоштад во Неготино со почеток во 20.30 часот. Истиот е во организација на Галерија Арт-М, а финансиски е поддржан од Општина Неготино и Министерството за култура на Република Македонија.