Продолжува осмото издание на манифестацијата „Топол културен бран 2015“ во Општина Неготино PDF Печати
   Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2015” чија реализација е финанасирана од општина Неготино и Министерството за култура граѓаните на општина Неготино ќе имаат можност да бидат дел од уште три интересни културни настани кои се планирани во месец август. Најпрво, во петок, 21 август во Музејот на град Неготино со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложбата “Традиционалната рурална архитектура во потпелистерието” на авторот д-р Викторија Момева Алтипармаковска, која претставува уметнички поглед на авторот, кој низ фотографии се обидува да даде приказ на традиционалната селска куќа, како значаен сегмент од нашето културното наследство.
Во продолжение на манифестацијата “Топол културен бран 2015”, на 26 август (среда) со почеток во 20.30 ч. во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на барање и огромно задоволство на љубителите на театарот од нашиот град, актерите на театарот од Демир Капија ќе ја изведат урнебесната комедија “Љубовник со висок стил” која неколку пати беше изведена во повеќе градови низ Македонија и за која секогаш се бараше карта повеќе. За затварањето на осмото издание на манифестацијата е предвиден уште еден интересен културен настан – “Ликовен хепенинг” во организација на Галерија Арт-М од Неготино, кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 31 август со почеток од 20.30 ч.