45.000.000 денари доби општина Неготино за проекти од АФПЗРР PDF Print
There are no translations available.

   Претставник на општина Неготино го подигна решението од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој на Република Македонија со кое за аплицирани и одобрени 3 проекти, на општина Неготино и се одобрени средства во висина од 45.000.000 денари за реализација на проекти за пододбрување на условите за живот во руралните средини. Така, за проектот Реконструкција и асвалтирање на 800 метри од патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 800 метри одобрени се близу 20.000.000 денари, за спроведување на проектот Изградба на линиска патна инфраструктура за поврзување на село Калањево со излетничкото место Бела вода општина Неготино доби 15.000.000 денари и за проектот Изградба на 3 улици во Тимјаник одобрени се средства во висина од 10.000.000 денари. Во сите овие суми не е вклучен данокот на додадена вредност чие обезбедување на средства е обврска на локалната самоуправа. Согласно решението за одобрување на барањето за финансиски средства, од Агенцијата потенцираат дека следна обврска на општината е да спроведе постапка за јавна набавка, во согласност со Законот за јавни набавки.