Наскоро започнуваат градежните работи за подобра инфраструктура во руралните средини PDF Печати

   Општина Неготино преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој аплицираше со 3 проекти, а најновите информации се дека сите три проекти се одобрени за реализација. Станува збор за проекти преку чија реализиција ќе се подобрува инфраструктурата во дел од населените места во неготинска општина и на тој начин ќе се создадат поквалитетни услови за живеење на тамошното население. Со одобрените средства предвидена е изградба на 3 улици во Тимјаник во должина од над 1.000 метри, потоа изградба на линиска патна инфраструктура за поврзување на село Калањево со излетничкиот локалитет Бела вода во должина од 650 метри, како и реконструкција и асвалтирање на 800 метри од патниот правец Горни Дисан-Вешје. Градоначалникот Апостолов истакнува дека штом се создадат неопходните услови, мошне скоро ќе започнат и градежните работи на терен.