Обезбедени средства за старт на реконструкцијата и асвалирање на дел од патот Г.Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот Ванчо Апостолов и општина Неготино преку проект за прекугранична соработка ги обезбедија потребните финансиски средства кои ќе бидат наменети за почеток на изведувањето на работите за реконструкција и асвалтирање на  патниот правец Горни Дисан-Вешје. Имено, воспоставената меѓународна соработка меѓу општина Неготино и општина Алмопија резултираше со заедничка работна средба помеѓу претставниците на двете општини при што градоначалниците на Неготино Ванчо Апостолов и на Алмопија Димитрос Мпинос извршија официјално потпишување на Договорот за соработка на заеднички проект меѓу двете општини. Инаку, покрај овие средства,  за компплетна реконструкција на патот Горни Дисан-Вешје за кој веќе е изработена и техничката документаци, да истакнеме дека истиот е влезен во програмата за меѓународна соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, потоа преку програма на Министерството за финансии и Светска банка со користење средства од ЕУ ИПА грантот наменети за подобрување на патната инфраструктура, како и преку програмата на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделието на Република Македонија. Тоа значи дека реконструкцијата и асвалтирањето на целиот патен правец Горни Дисан-Вешје во должина ќе биде финансиран од повеќе извори, а дел од средствата ќе ги обезбеди и општина Неготино.