С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Од  Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради отстранување на дефект, утре 07 јули (петок) ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 09 до 17 часот. Како што известуваат  од Комуналец, станува збор за отстранување на дефект на главниот доводен цевковод кој е лоциран на територијата на општина Кавадарци и токму затоа во текот на утрешниот ден стручни екипи на комуналното претпријатие ќе бидат присутни на терен и ангажирани на отстранување на дефектот, а заради непречено изведување на истите, ќе мора да се сопре водата која доаѓа од Лукар до домовите на неготинци. Од Комуналец ги замолуваат граѓаните за разбирање и ги информираат дека веднаш по завршувањето на активностите на терен, водата ќе протече во главниот водоснабдителен систем на Неготино.