С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

  Како што информираат од Оделението за комунални работи и сообраќај при локалната самоуправа Неготино по стабилизирањето на временските услови утврден е конечниот термин кога на територијата на неготинска општина ќе се изврши авионското прскање против комарци како составен дел од програмата за работа на општина Неготино. Во координација со, специјализирана за тоа, фирмата Бони-ер договорено е авионското прскање против комарци на ова подрачје да се спроведе на 15 јули, среда, во раните утрински часови и тоа во периодот од 04,30 до 06,00 часот. Токму затоа, се известуваат пчеларите за времетраењето на прскањето од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.