С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Во текот на утрешниот ден ( среда ) поради отстранување на дефекти на главната водоводна мрежа граѓаните на Неготино ќе немаат вода за пиење во периодот од 09 до 19 часот до кога, според проценките на стручните лица, дефектите се очекува да бидат отклонети и водата да протече во водоснабдителниот систем. Како што информираат од ЈП Комуналец-Неготино детектирани се вкупни 3 поголеми дефекти на главната водоводна мрежа преку која водата од Лукар доаѓа до домовите на неготинци, од кои 2 се на територијата на Кавадарци и 1 е лоциран над селото Тимјаник. Предвидено е „комуналци“ со работите на терен и отстранување на дефектите да започнат утре околу 08,30 часот при што заради ефикасно изведување на работите ќе бидат принудени да го прекинат дотурот на вода до Неготино околу 09 часот, а поради големината на дефектите ќе се работи во текот на целиот ден и според проценките на одговорните, се очекува водата да биде пуштена во системот околу 19 часот. Токму затоа се информираат граѓаните од општина Неготино благовремено да се снабдат со неопходните количини вода кои ќе им бидат потребни за во текот на утрешниот ден, а од Комуналец ги замолуваат да имаат трпение и разбирање за проблемите со кои тие се соочуваат, бидејќи по отстранувањето на дефектите, состојбата со водоснабдувањето ќе се стабилизира.