Младите ракометари на РК “Вардар - Неготино” учествуваа на маратонски ракометен турнир во Германија, а дома се вратија со исполнето срце и моменти кои ќе ги паметат засекогаш PDF Print
There are no translations available.

   Пионерите на РК Вардар Неготино поминаа повеќе од 2000 км за да учествуваат на ракометен турнир во Германија. Тие не се вратија дома со освоен медал, но донесоа огромно искуство кое во иднина ќе им биде од огромна корист.
Ракометниот клуб “Вардар Неготино” учествуваше на 13 издание од големиот ракометен турнир “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” кое се одржа од 20.06 до 21.06 во Виеденбрук, Германија. Најголеми “виновници” за учеството на РК Вардар Неготино на големиот ракометeн настан на западот од Германија беа господинот Боби Бинов, ракометен работник и тренер на домашната екипа на Виеденбрук, кој потекнува од нашиот крај, тренерите Драган Сукара и Ратко Вељанов, управата  предводена од Тоде Кузманов и Ѓорѓи Стојанов, како и “Croatia Osiguranje” која финансиски ја поддржа оваа ракометна турнеја. Исто така, во финансиската поддршка на младите ракометари од Неготино, за учество на овој реномиран ракометен турнир се вклучи и Општина Неготино, односно градоначалникот Ванчо Апостолов, кој во вакви прилики секогаш несебично го помага развојот на спортот, осбено младинскиот.
Инаку, специфично за “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” е тоа што се игра ракомет на трева. Натпреварите се играат по 15 минути без полувремиња, а на турнирот учествуваа 80 екипи од Германија, а РК Вардар Неготино ја имаше честа да биде гостин на ова големо ракометно случување. Екипата од Неготино го освои четвртото место на овој турнир, што е огромно достигнување за екипа која прв пат игра ракомет на трева. Нашите млади ракометари во петте одиграни натпревари забележаа две победи и три порази. Беа совладани екипите на TSG RHEDA и HSV Herbede, а поразите дојдоа од домаќинот Wiedenbrucker TV и екипата на TUS BRAKE, додека во малото финале за третото место беа поразени минимално од HTS Rietberg. Титулата му припадна на домаќинот Wiedenbrucker TV.
Претходно РК Вардар Неготино одигра две пријателски натпревари со домаќинот Wiedenbrucker TV победувајќи со резултат од 28:25 и со екипата на HTS Rietberg која РК Вардар Неготино ја доби со резултат од 26:21. Натпреварите се одиграа во сала и во два наврати пионерите на РК Вардар Неготино издвојуваа победи против своите врсници од Германија.