Прием за Ване Бошев кој за 4 години има освоени 40 планински врвови PDF Печати

   „Господине градоначалник, јавно Ви се заблагодарувам за несебичната поддршка што ми ја давате Вие како прв човек на општина Неготино и која има огромен придонес при моите планинарски остварувања и искачувања на врвовите зо Република Македонија и надвор од неа“- рече 7 годишниот Ване Бошев-член на планинарското друштво „Антигона-нег“ кој наедно е најмладиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на Балканот Мусала на планината Рила при денешната средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За време приемот во неговиот кабинет, градоначалникот од страна на младиот Ване и неговиот родител Орданчо кој го придружува на сите патешествија беше информиран дека за 4 години Ване има освоено вкупно 40 врвови, што е навистина импозантна бројка за еден второоделенец-успех на кој можат да му позавидат и далеку повозрасни и поискусни планинари. Градоначалникот Апостолов потенцираше дите сите успешни млади луѓе од општината кои остваруваат резултати за почит, независно од која област, ја имале и ќе ја имаат неговата поддршка, бидејќи покрај за нивна лична, тие придонесуваат и за афирмација на општина Неготино, како што впрочем тоа е случај и со Ване кој е добитник и на 8-ноемвриско признание. Апостолов истакна дека Ване ќе ја има неговата и поддршката од општината и при следното негово планинарско остварување кое ќе се одвива во Италија во втората половина на овој месец, а тоа е освојувањето на врвот Мармулада на надморска височина од 3.343 метри, што ако успее, ќе биде рекордно остварување на Ване.