Општина Неготино се збратими со општина Одобешти – Романија PDF Печати

   На покана и во организација на амбасадорот на Република Македонија во Република Романија Панде Лазаревски градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со првите луѓе на општините Кавадарци и Д. Капија како претставници на Тиквешкиот вински регион остварија работна посета на општините од романскиот вински регион Вранча. За време престојот во Романија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша меморандумот за збратимување со општина Одобешти позната по лозарството и винарството, а целта на идната соработка ќе биде размена на искуства и нивна примена во областа на стопанството, економијата, лозарството и винарството и културата помеѓу двете општини во кои доминираат грозјето и виното. Покрај Одобешти, тројцата градоначалници ги посетија и разговараа со првите луѓе на општините Фукшану и Панчу кои исто така гравитираат во регионот Вранча. На средбите е договорено првите луѓе на романските општини да реализираат возвратна посета на општините Неготино, Кавадарци и Д. Капија и тоа најверојатно ќе се случи за време одбележувањето на општинските празници или пак организирањето на некоја од многубројните културни манифестации кои се одржуваат во Тиквешкиот вински регион.