Положено свежо цвеќе на спомен-бистата на Косте Волканоски PDF Print
There are no translations available.

   Членови на најтесното семејство, родни и пријатели, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, припадници на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи-одделение Неготино, бранители-учесници во воениот конфликт и други делегации денеска на одбележувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Полициската станица во нашиот град и му оддадоа достојна почит на херојот кој го загуби животот во воените дејства во 2001 година. Во рамките на одбележувањето на 14-годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат организираше крводарителска акција, а се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал.