Општина Неготино објави покана за прибирање понуди за избор на изведувач на работите за реконструкција на водоснабдителниот систем PDF Печати

   Овој повик за прибирање понуди е во согласност со општите правила на проектот објавени во издание на Обединетите нации. Имено, РМ прими заем од Светската банка за спроведување на проект за подобрување на општинските услуги и дел од средствата ќе ги употреби за плаќање според Договор за набавка на работи. Општина Неготино како партнер во овој проект ги поканува сите заинтересирани и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОСНАБДИТЕЛНИОТ СИСТЕМ ВО НЕГОТИНО на улици во градот во должина од 8 километри-проект чиј период на изведба на работите е предвидено да трае 9 месеци, што значи во тој период ќе се замени водоводната мрежа кај која се детектирани најголеми дефекти и загуби на водата на улици во градот. Заинтересираните квалификувани понудувачи повеќе информации и целиот комплет од тендерската документација можат да добијат и да го подигнат во општина Неготино. Понудите општина Неготино че ги прибира заклучно со 31 јули 2015 година до 12,00 часот, по што на истиот ден ќе се случи и отворањето на понудите од фирмите-интересенти за реконструкција на водоснабдителниот систем во Неготино.