Со 25 тони асфалт санирани ударните дупки на улиците во Неготино PDF Печати
   Согласно Програмата за работа на градоначалникот Ванчо Апостолов и Програмата за комунални дејности на општина Неготино, а веднаш по создавањето не неопходните услови за непречено одвивање на градежни работи, во изминатиот период се изврши санирање на ударните дупки на повеќе улици во Неготино. Разбирливо, приоритет при нивното санирање беше даден на најфреквентните улици Маршал Тито и Партизаннска, а потоа се изврши санирање на ударните дупки и на други улици во градот каде што стручните служби имаа оценето дека има потреба од интервенција. За санирањето на ударните дупки на сите опфатени улици беа поставени вкупно околу 25 тони асфалт, при што најпрво се изврши отстранување на стариот, чистење на дупките и вградување на нов слој асфалт. Со ова се создадоа услови за безбедно одвивање на сообраќајот на сите улици кои беа опфатени со активноста за санирање на ударните дупки.