Ќе се реконструира патот од Неготино до Криволак во должина од 3 километри PDF Печати
   По обезбедувањето на потребните финансиски средства во висина од 22 милиони денари, започната е постапката за спроведување на законските процедура кои предходат на отпочнувањето на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на патниот правец Неготино – Криволак во должина од 3 километри и со ширина на коловозната лента од 5,5 метри. Имено, Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак и тоа од спојот со патот Р – 107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните, според објавата, понудите можат да ги доставуваат најдоцна до 22 овој месец кога и ќе се случи јавното отворање на истите. По завршувањето на административните процедури и изборот на најповолниот понудувач и изведувач, се очекува старт на градежните работи на терен по чие завршување жителите на Криволак и не само тие ќе добија реконструиран и безбеден патен правец, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вицепремиерот Зоран Ставрески ќе го исполнат ветувањето дадено пред месното население дека овој пат ќе биде комплетно реконструиран.