Заврши четвртото по ред отворено првенство на Неготино во шах PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, а  во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино” од 22 до 26 мај во просториите на Туристичко-информативниот центар “Желкова куќа” се одржа четвртото по ред отворено првенство на Неготино во шах. На истото учество зедоа околу дваесетина учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој од седум одиграни партии освои 7 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второпласиран на турнирот е Санде Атанасов кој освои 5,5 поени, а третопласиран е Ѓорѓи Павлов со 4,5 поени. Исто така награди добија и најдобро пласираниот млад учесник и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) на турнирот. Вкупниот награден фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесуваше 17.000 денари, а дипломите и наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов кој воедно беше и покровител на првенството.