Започна градското првенство во шах „Неготино-2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со поддршка на Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот клуб „Неготино“ во просториите на ТИЦ Желкова куќа започна четвртото по ред традиционално отворено градско првенство во шах „Неготино-2015“. Според велемајсторот Трајче Недев кој пред присутните ги презентираше паровите од првото коло, оваа година на турнирот учество земаат околу 20 шахисти од неготинска општина, добри познавачи на оваа древна игра, што пак гарантира неизвесни мечеви во текот на целото првенство. Овогодинашниот награден фонд е во висина од 17.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино при што првопласираниот ќе добие 5.000, за второ место 4.000, за трето место 3.000 денари, а ќе бидат доделени и други пригодни награди. Според утврдената динамика на одигрување на мечевите и нивното времетраење, се очекува отвореното градско шаховско првенство на Неготино да заврши во вечерните часови во понеделник, кога ќе бидат познати најдобрите и кога ќе се изврши чинот на доделувањето на наградите.