ЧЕСТИТ СПАСОВДЕН PDF Печати

   Почитувани граѓани на општина Неготино ! Со особена чест и задоволство од мое лично име и од име на општина Неготино на сите православни христијани од општината им упатувам искрени и срдечни честитки по повод верскиот празник Спасовден – Вознесение Христово кој спаѓа во големите христијански празници и секогаш се празнува во четврток – 40 денови по Велигден. Празникот посебно им го честитам на жителите на селата Криволак и Курија каде што по повод Спасовден се одржува селска слава и општонародна веселба и на сите им посакувам празникот да го поминат во пријатна и весела атмосвера.