Со тактичко-показна вежба во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

   Голем број заинтересирани граѓани на градскиот плоштад во Неготино со внимание ја проследија тактичко-показната вежба „Спасување и извлекување на повредени лица од возила при случена сообраќајна несреќа“ со што наедно и се одбележа денешниот ден 20-ти мај – Денот на пожарникарите. Активностите на терен беа демонстрирани од страна на припадниците на Територијалната противпожарна единица-Неготино, а самиот настан беше во организација на Општинскиот противпожарен сојуз под покровителство на општина Неготино и Противпожарниот сојуз на Македонија. Во поздравниот говор градоначалникот Ванчо Апостолов на сите пожарникари им го честиташе денешниот ден посакувајќи им да имаат што е можно помалку работа и со порака доколку се јави потреба од нивна интервенција, таа да биде брза и ефикасна, за што неготинските пожарникари на располагање имаат 3 противпожарни и 3 теренски возила од кои едно е ново донација од Владата на РМ, т.е Дирекцијата за заштита и спасување, а кои ги опслужуваат вкупно 11 пожарникари. Инаку, присутните на плоштадот имаа можност да проследат и активност за гасење на пожар на запаливи течности со ПП апарат, како и да ја погледнат и да се запознаат со опремата со која располага Територијалната противпожарна единица од Неготино.