Неготинските пожарникари со показна вежба на плоштадот PDF Печати

   Во среда на 20 мај на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 10,20 часот во организација на Општинскиот противпожарен сојуз, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија и општина Неготино ќе се изврши тактичко показна вежба „Спасување и извлекување на повредени лица од возила при сообраќајни несреќи“, како и „Гасење на пожар на запалливи течности со проптивпожарен апарат“. Пред почетокот на вежбите, поздравен говор до присутните ќе имаат претставникот на Општинскиот противпожарен сојуз и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а во вториот дел од програмата сите присутни на градскиот плоштад ќе можат да ја погледнат и преку презентација да се запознаат со противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица од Неготино.