Детската градинка „Фемо Кулаков“ прослави 55 години постоење PDF Print
There are no translations available.

   Цели 55 години вработените и раководните тимови ги остваруваат поставените цели за афирмација на предучилишното воспитание и образование во општина Неготино, грижата за децата, сето тоа проследено со детска смеа, радост и среќа – беше истакнато на пригодната свеченост со која се одбележаа 55 години од започнувањето со работа на детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино. Неготинската градинка претставала и претставува средина со најдобри услови за престој на деца, со средства и примери за развој на предучилишното дете и со реализација на многубројни и разновидни и осмислени активности кои придонесуваат за поттикнување на индивуалните способности и потенцијали на децата. Инаку, денеска установата ја сочинуваат 66 вработени распоредени во 2 објекта во градот и 3 во руралните средини кои се грижат за 400 предучилишни деца.