Во Неготино одбележана 112-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на одбележувањето на 112-годишнината од загинувањето на еден од најголемите македонски револуционери Гоце Делчев, денеска и во изминатите денови во Неготино се реализираа бројни активности за одбележување на овој светол датум, а централен настан беше патрониот празник на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од нашиот град и подрачните училишта кои делуваат во негов состав. Присутните ученици, наставници, просветни работници, претставници на локалната самоуправа и други гости ги поздрави директорката на училиштето Весна Јованова која во своето пригодно обраќање се осврна на едногодишното работење на училиштето, постигнатите резултати и проектите кои се во тек или допрва треба да се реализираат со единствена цел за овозможување најдобри услови за школување за учениците кои наставата ја посетуваат во ООУ „Гоце Делчев“. За сите кои присуствуваа на одбележувањето на патрониот празник беше изведена богата културно уметничка програма, а на учениците кои освоиле награди на разни натпреварувања, им беа доделени скромни подароци.