Ученици од 4-то одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ одржаа училишен час во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов PDF Print
There are no translations available.

   Кои се надлежностите на градоначалникот, колку часови трае неговиот работен ден, како се носат одлуките во општината, колку членови брои општинскиот Совет, кој се грижи за јавната хигиена во градот, како се утврдува кои проекти ќе се спроведуваат – беа само дел од многуте прашања кои учениците од 4-то одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ заедно со наставничката Зорица Јанакиева му ги поставија на првиот човек на општината - градоначалникот Ванчо Апостолов во рамките на одржувањето на училишниот час во неговиот кабинет, кој е дел од програмата за работа на ова неготинско основно училиште и наставните содржини поврзани со општината и функционирањето на локалната самоуправа. 45-минутната конверзација на релација ученици-градоначалник помина во пријатна и релаксирана атмосфера на задоволство на двете страни, а градоначалникот Апостолов трпеливо ги сослушуваше и одговораше на прашањата поставени од учениците. На крајот, а врз основа на се она што можеше да се слушне за време одржувањето на овој импровизиран училишен час, се заклучи дека четвртооделенците од „Страшо Пинџур“ веќе ги имаат основните познавања за работата на градоначалникот и општината, а ова средба само им помогна истите уште повеќе да ги надградат.