Непознати сторители намерно го оштетиле новиот водовод кај Дуброво PDF Print
There are no translations available.

   Непознати сторители деновиве направиле сериозни оштетувања на новата и штотуку поставена водоводна мрежа во должина од 1.380 метри на потегот кај селото Дуброво каде што преку системот за хидраулично регулирање на притисокот беа регистрирани загуби од 15 литри вода во секунда, а кои по завршувањето на проектот беа вратени во водоводната мрежа и беа достапни за сите потрошувачи од општина Неготино. Вандалскиот чин овие лица го извршиле со бургии оштетувајќи го водоводот на повеќе места,  па деновиве стручни лица од општина Неготино, од ЈП Комуналец и работници на фирмата изведувач на работите континуирано се на терен и вршат откривања и санирања на направените оштетувања. Случајот е пријавен во Одделението за внатрешни работи-Неготино, се трага по сторителите на овој вандалски чин и по нивното откривање , против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.