Вонредна дератизација против глодари во општина Неготино PDF Печати

   Постапувајќи по упатствата добиени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и решението добиено од Центарот за јавно здравје од Велес, со средства обезбедени од сопствениот буџет општина Неготино врши вонредна превентивна дератизација против туларемија на подрачјето на цела општина. Со оваа активност се опфаќаат пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел за заштита од присуство на глодари, а превентивна систематска дератизација се врши и на јавно прометните површини, зеленилото и на депонијата Бучето. Исто така, опфатени се и 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем во градот и населените места и тоа на ризични места-жаришта каде што постои можност од присуство на глодари. Инаку, акцијата на терен ја спроведуваат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес со асистенција на претставници од општина Неготино и вработени во ЈП Комуналец.