Во Неготино се одржа манифестацијата „Маскенбал-2015“ PDF Печати

   Во организација на општина Неготино и образовните установи, по повод 1-ви април Денот на шегата, како и секоја, така и оваа година се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал-2015“ која беше проследен од огромен број посетители. Традиционалното дефиле започна од Градскиот стадион и се движеше по главната улица, по што неколку стотици дечиња под маски пристигнаа на градскиот плоштад каде што на бината се одвиваше централниот настан пропратен со богата културно-забавна програма со хумористични, забавни и денс точки. На годинашниот Маскенбал учество зедоа дечињата од двата клона на Детската градинка од Неготино, ученици од двете основни и подрачните училишта, како и ученици од СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Посетителите на градскиот плоштад имаа можност да го проследат дефилето на децата со стотици маски, секоја изработена на свој начин и со сопствени карактеристики и пораки.