Општина Неготино ќе врши вонредна превентивна дератизација PDF Печати

   Врз основа на Законот за комунални дејности и Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на нашата општина, а согласно  заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, од понеделник општина Неготино ќе започне со вонредна превентивна дератизација против туларемија со која ќе бидат опфатени околу 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот и населените места на ризични места-жаришта каде постои можност од присуство на глодари. Исто така, со оваа активност ќе бидат опфатени пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото, како и на депонијата Бучето. Јавните установи од општината, исто така, треба да извршат превентивна дератизација во сопствените простории. Вонредната превентивна дератизација на подрачјето на општина Неготино ќе ја вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и истата во целост би требало да биде реализирана во рок од 3-4 денови.