Градоначалникот Апостолов на информативниот ден за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот PDF Print
There are no translations available.

   Подобрување на условите за живот во руралните средини во општина Неготино и останатите општини од Вардарскиот регион е крајната цел на имплементацијата на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот„ што Центарот за развој на Вардарскиот плански регион го спроведува во рамките на проектот за експанзија на мали бизниси поддржан од УСАИД и Швајцарската влада. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го поддржа спроведувањето на овој проект рече дека очекува создавање на услови за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини преку едукација на населението, модернизација и унапредување на земјоделското производство, отворање на градинки за деца и обновување на стари училишта и слично. На информативниот ден беше истакнато дека ЛЕАДЕР претставува посебен метод во политиката на ЕУ за рурален развој и е важна компонента од заедничката земјоделска политика на земјите членки на Унијата.