Градоначалникот Апостолов на отворениот ден во Центарот за вработување-Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денеска во работниот клуб на Центарот за вработување во Неготино се одржа вториот отворен ден на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Притоа, средба со невработените лица и со работодавачите остварија директорот на Агенцијата Влатко Поповски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката на неготинскиот Центар за вработување Кристина Чадамова, а активно учество зедоа и стручните лица од Центарот за вработување. На отворениот ден Поповски, Апостолов и Чадамова ги презентираа активните мерки за вработување кои се актуелни во овој период и услугите на агенцијата, како и со напорите што локалната самоуправа ги прави за создавање услови за отворање нови капацитети. Директорот Поповски информираше дека во тек се повеќе мерки преку чија реализација се очекува да се зголеми бројот на вработените во општина Неготино, директорката Чадамова рече дека најголем интерес има за мерката самовработување преку грант од 3.000 евра во опрема со пријавени 39 невработени лица, додека градоначалникот Апостолов истакна дека е горд што моментално бројката на невработени е на најниско ниво од 2006 година до денес и дека очекува на местото на продадените парцели на 25 хектари во Индустриската зона Неготино да никнат нови производствени капацитети во кои ќе се вработуваат граѓаните од неготинска општина.