ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДСКАТА КАПЕЛА PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на спроведената јавна анкета во која граѓаните јасно и недвосмислено се произнесоа дека на Неготино му е неопходна градска капела, градоначалникот Трајков, советниците во Советот на општината и стручните служби ги презедоа сите неопходни активности, што пак резултираше со поставување камен – темелник на градската капела која е лоцирана во близина на градските гробишта во Неготино.
Предходно, со запазување на потребните законски процедури по пат на јавен тендер се изврши избор на фирмата со најповолна понуда за градење на објектот, Лик – Авве од Неготино ја изготви потребната техничка документација, по што започнаа работите на објектот. Проценките на стручните лица говорат дека за комплетна изградба на капелата ќе бидат потребни 10 милиони денари – средства кои ќе се обезбедат од Буџетот на општината. Капелата е содимензии 20 на 20 метри должни, односно истата ќе има површина од 400 метри квадратни и во нејзин склоп ќе има влезен трем, сала за излагање, просторијата за подготовка, за оддржување, за најблиските и за свештените лица. Градежните работи ќе ги изведува ГП Пер – инжинеринг од Кавадарци, а доколку се тече според предвиденото, се очекува градската капела да биде комплетно завршена во период од 1 година.