Поплавените семејства од Војшанци ќе добијат помош од повеќе места PDF Печати

  Поплавите кои пред извесен период ја зафатија Македонија на територијата на општина Неготино најголеми штети предизвикаа во селото Војшанци каде што покрај оштетената инфраструктура, настрадаа и дел од домовите на тамошните семејства. Стручна комисија од локалната самоуправа која заедно со градоначалникот Апостолов континуирано беше присутна на терен и одговараше на барањата на население го изготви конечниот извештај кој ќе биде доставен до надлежните државни органи од кои се очекува одобрување помош, а свој придонес при санирањето на штетите ќе даде и општина Неготино. Па така, на над 260 домаќинства погодени од поплавени во  Македонија, меѓу кои и општина Неготино, започнаа да им се исплаќаат средствата за санирање на штетите. Семејствата, во зависност од претрпените штети ќе добијат помош од 14.000 до 110.000 денари, а потребните средства од над 10 милиони денари се дел од средствата собрани од хуманитарните акции што со донации на трите телефонски броја легнаа на солидарната сметка на Црвениот крст на РМ. Притоа, направен е попис на она што е уништено во домовите на семејствата и она што не може да се користи, направени се записници со детална проценка која покажува колку средства му се потребни на секое од семејствата за санирање на штетите. Средствата семејствата треба да ги добијат во текот на наредната недела, а финансии за санирање на штетите од поплавите ќе добијат и 10 семејства од неготинското село Војшанци.